Простор за љубопитност, размислување и уживање во животот.

Писанија за психологијата на нашето секојдневие, за културата што ни ги проширува погледите, за модата како личен израз и за луѓето чии приказни вреди да се раскажат.

За книги во кои се препознаваме, филмови што отвораат тешки прашања и музика што нè враќа во некоја наша есен, во некоја наша пролет, во некое наше лето…па и зима, зошто да не?

Што стои зад убавата слика: зошто нешто посакуваме, што нè допира, како се менуваме и колку од животот што го покажуваме навистина го чувствуваме.

На страниците на „Ведрина“ има место и за лесни задоволства и за подлабоки разговори.

Името е избрано со желба овој блог да остави токму такво чувство — малку повеќе јасност, топлина и простор за здив.

Ведрина како способност, како животен став да се забележи убавото и во деновите што не се совршени.

Добредојдовте во „Ведрина“. Се надевам дека тука ќе пронајдете нешто што ќе ве задржи, ќе ве замисли или ќе ве поттикне на размислување и позитивни животни промени.