Домашни пишии – меки и воздушести

Состојки:

– 500 г брашно;

– 300 мл млака вода;

– 7 г сув квасец или 20 г свеж;

– 1 лажичка шеќер;

– 1 лажичка сол;

– 2 лажици масло;

– масло за пржење;

 

Подготовка:

  1. Во млаката вода ставете ги квасецот и шеќерот. Оставете 5–10 минути да се активираат;
  2. Додајте брашно, сол и двете лажици масло. Замесете меко, малку лепливо тесто. Не додавајте премногу брашно, за пишиите да останат меки;
  3. Покријте го тестото и оставете го околу 45–60 минути, додека да се удвои;
  4. Со намрсени раце земете парчиња од тестото и растегнувајте го во тенки, неправилни кругови (може да користите и сукало);
  5. Пржете во загреано масло на средна температура, од двете страни, додека да добијат златна боја. Внимавајте маслото да не биде премногу жешко, за внатре да се испечат.
  6. Извадете ги на кујнска хартија.

Послужете ги топли со сирење и јогурт, или со мед, џем или шеќер во прав.