Состојки:
– 500 г брашно;
– 300 мл млака вода;
– 7 г сув квасец или 20 г свеж;
– 1 лажичка шеќер;
– 1 лажичка сол;
– 2 лажици масло;
– масло за пржење;
Подготовка:
- Во млаката вода ставете ги квасецот и шеќерот. Оставете 5–10 минути да се активираат;
- Додајте брашно, сол и двете лажици масло. Замесете меко, малку лепливо тесто. Не додавајте премногу брашно, за пишиите да останат меки;
- Покријте го тестото и оставете го околу 45–60 минути, додека да се удвои;
- Со намрсени раце земете парчиња од тестото и растегнувајте го во тенки, неправилни кругови (може да користите и сукало);
- Пржете во загреано масло на средна температура, од двете страни, додека да добијат златна боја. Внимавајте маслото да не биде премногу жешко, за внатре да се испечат.
- Извадете ги на кујнска хартија.
Послужете ги топли со сирење и јогурт, или со мед, џем или шеќер во прав.